Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Лајт цигарите го зголемуваат ризикот од појава на рак на белите дробови

Објавено

на

Таканаречените „лајт“ цигари се опасни по здравјето како и обичните цигари и веројатно допринеле за зголемената појава еден вид на рак, покажала една нова студија.

Истражувачите од пет центри за истражување на ракот во САД заклучиле дека „лајт“ цигарите, кои имаат филтери со отвори  за вентилација, довеле до тоа, во последните 50 години да се зголеми бројот на заболени од аденокарцином – форма на рак која се развива длабоко во белите дробови.

Оваа форма на рак сега е најзастапена кај пушачите. Во истиот период, бројот на заболени од други форми на рака на белите дробови се намалил, со намалувањето на бројот на пушачите.

Резултатите од овие анализи го потврдуват она што истражувачите веќе со години се сомневат, дека спротивно на тврдењата на тутунската индустрија, „лајт“ цигарите не се помалку штетни.

Цигарите со филтри со мали отвори се пуштени во продажба пред 50 години и се промовирани како поздрава опција со „ниско ниво на катран“.

„Тоа е направено за да се привлечат пушачите. Нашите анализи покажуваат дека постои јасна поврзаност помеѓу тие вентилациски отвори на филтрите и зголемената појава на аденокацином на белите дробови во последните 20 години.вели доктор Питер Шилдс од Држаниот Универзитет во Охајо, САД, еден од водачите на истражувањето што е објавено во списанието на Националниот институт за рак.

Посебно загрижувачки е тоа што филтрите со такви отвори се наоѓаат практично на сите цигари што денес се продваат, додава тој.

Научниците сметаат дека токму филтрите се најопасни.

„Филтерот го менува согорувањето на тутунот кој произведува повеќе канцерогени материи, а пушачите пушат подолго и почесто, што овозможуава димот да продре до најдлабоките делови на белите дробови каде обично се формира аденокарциномот“– истакнува Шиллдс. Тој се залага за целосна забрана на овие филтри и информирање на пушачите за  опасноста од пушење на „лајт“ цигарите, за која не се ни свесни.

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 часа

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена