Спорт
Ламин Јамал најмлад стрелец во историјата на големите турнири, Шпанија во финалето
Шпанскиот играч за врска Ламин Јамал стана најмладиот голгетер во историјата на Европските и на Светските фудбалски првенства.
На вчерашниот натпревар против Франција во полуфиналето на Евро 2024 година Јамал во 21. минута го израмни резултатот на 1:1.
Шеснаесетгодишниот играч од средниот ред го собори рекордот на Пеле, кој на 17 години постигна гол за Бразил на Светско првенство. Претходно Јамал стана најмладиот играч во историјата на полуфиналето на големите турнири, соборувајќи го и рекордот на Бразилецот.
Репрезентацијата на Шпанија во Минхен ја победи Франција со 2:1 и стана прв финалист на Евро 2024.
Французите го отворија резултатот во 9. минута, преку Рандал Коло-Муани. Овој гол беше првиот и единствен гол за францускиот тим од игра на Европското првенство во Германија.
Шпанија изедначи со голот на Ламин Јамал во 21. минута, стрелец на победничкиот гол беше Дани Олмо во 25. минута.
Во финалето, избраниците на Луис де ла Фуенте ќе играат со победникот од мечот Холандија – Англија, кој ќе се игра вечерва во Дортмунд.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија