Поврзи се со нас

Спорт

Лампард се врати на клупата на Челзи

Објавено

на

Френк Лампард втор пат во тренерската кариера се враќа во лондонски Челзи каде како фудбалер остави длабока трага, а ќе го предводи од клупата премиерлигашот до крајот на оваа сезона.

Лампард во минатото мина 19 месеци на клупата на Челзи, пред да добие отказ во јануари 2021 година.

„Пресреќни сме што повторно на Френк можеме да му посакаме добредојде на Стемфорд Бриџ. Френк е член на Куќата на славни на Премиер лигата и клупска легенда“, порачаа челниците на Челзи, Тод Бојли и Бехдад Егбали, во заедничко соопштение.

Пред Челзи се уште девет премиерлигашки натпревари оваа сезона, како и многу поважните дуели против актуелниот европски првак Реал Мадрид, во четвртфиналето во Лигата на шампиони, кои ќе се одиграат на 12 и 18 овој месец.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена