Вести
Лани 215 лица осудени за кривични дела во Гостивар
Споредено со претходните неколку години, лани во Гостивар се бележи зголемување на бројот на осудени лица за кривични дела. Според податоците од Државниот завод за статистика, минатата година Основиот суд во Гостивар осудил 215 полнолетни сторители за различни кривични дела. Од нив седум биле жени.
Во 2016-та година, бројот на осудени изнесувал 128, од кои три биле припаднички на женски пол, додека во 2015-та имало 154 осуденици за кривични дела од кои, исто така три биле жени.
Лани 26 лица добиле затворски казни, додека четириесетина биле парично казнети. Биле изречени и условни затворски и една условна парична казна. Едно лице поминало со судска опомена.
Според ДЗС, најголем број на пријави кои ги поднело Основното јавно обвинителство во Гостивар лани биле за кривични дела против имотот, потоа против животот и телото, против безбедноста во сообраќајот и друго.
-
Гостиварпред 19 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград