Вести
Лани, 26 малолетни девојчиња станале мајки
Малолетничката бременост е појава која се` уште е присутна во значителни размери во Македонија. Статистиката покажува дека минатата година двојно се зголемил бројот на тинејџерки кои станале мајки, во однос на 2015-та.
Според податоците на Државниот завод за статистика минатата година, 26 девојчиња на возраст под 15 години на свет донеле бебиња. Иако на таа возраст не се дораснати за улогата на мајка, ни физички, ниту психички, сепак останале бремени и одлучиле да ги родат децата. Освен нив, има и тинејџерки родилки од 15 до 18 години, а нивната бројка годишно се движи од 1.300-1.500 на државно ниво.
Заводот пресметал дека просечната возраст на жените кои раѓаат по прв пат е 27 години. Според месецот на раѓање, најголем број на живородени деца лани се регистрирани во месец септември.
Во Македонија, 12% од новороденчињата се раѓаат во вонбрачни заедници. Податоците за Гостивар говорат дека од над 700 родени бебиња во 2016-та, деведесетина биле вонбрачни.
-
Гостиварпред 20 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград