Поврзи се со нас

Гостивар

Лани 4 жртви во сообраќајќи на подрачје на Гостивар, 36 лица биле тешко повредени

Објавено

на

Намален број на сообраќајни несреќи на гостиварското подрачје бележи статистиката на СВР за минатата година. Во 2020 вкупно се регистрирани 226 сообраќајни несреќи, што е 99 помалку во споредба со 2019 година. Значително е помал и бројот на сообраќајки со тешко повредени, ги имало 36, како и со полесно повредени кои вкупно биле 66. На патиштата во гостиварско во несреќи лани живото го загубиле 4 лица. Повеќе од половина од незгодите завршиле само со причинета материјална штета, додека меѓу повредените најбројни биле возачите.

Според податоците од СВР најголемиот број од ланските незгоди во гостиварскиот регион (133) се случиле во населено место, додека 93 се евидентирани на отворен пат.

Најчести причини за сообраќајќите, а пред сè за оние со посериозни последици се: брзото возење, неправилно вршење на дејствие, недавање првенство и недржење страна.

Во овој период регистрирани се и 13 незгоди предизвикани од животни, претежно од кучиња скитници, и тоа најмногу на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје.

Што се однесува до паркирањето возила, „пајак-службата“ на јавното претпријатие за паркинзи во соработка со полицијата, минатата година подигнала  230 непрописно паркирани возила. Најмногу во централното градско подрачје, на улиците „Браќа  Ѓиновски“, „Гоце Делчев“, „Илинденска“, „ЈНА“ .

 

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена