Поврзи се со нас

Македонија

Лани онлајн се потрошиле 709 милиони евра

Објавено

на

    Вредноста на вкупните онлајн трансакции во 2024 година направени кон домашни и странски е-трговци, како и од иматели на странски картички кон македонски е-трговци изнесува 43,629 милијарди денари или 709,4 милиони евра, со што е остварен пораст од 9,3 отсто во споредба со 2023 година. При тоа, бројот на вкупните онлајн трансакции изнесува 21,6 милиони, односно е за 11,4 отсто повеќе во однос на 2023 година, информираат од Асоцијацијата за е-трговија (АЕТСМ).

    Како што истакнуваат, просечната вредност на направените онлајн трансакции во 2024 година изнесува скоро 33 евра и е помала за 0,7 евро од 2023 година. При тоа, кон македонските е-трговци од иматели на домашни и странски даватели на платежни услуги направени се 26,136 милијарди денари или 425 милиони евра што преставува 60 отсто од вкупната вредност на онлајн трансакции. Останатите 40 отсто од вкупната вредност на онлајн трансакциите Македонците ја направиле во странство.

    Што се однесува до структурата на бројот на направените онлајн трансакции според потеклото на картичката и местото на направената трансакција кон македонските е-трговци, Македонците и странците со своите картички оствариле скоро 66 отсто од трансакциите, додека во странство Македонците оствариле 34 отсто од трансакциите.

    Во 2024 година, согласно подaтоците на Народната банка има вкупно 1.666 трговци со виртуелни места на продажба, но активни е-продажни места се 1.312, односно 15 повеќе во однос на минатата година (активно работење подразбира извршување најмалку една трансакција на продажно место на трговецот во текот на календарската година за којашто се известува).

    -Вредноста и бројот на онлајн трансакциите и во 2024 година бележи пораст. Минатата година ја одбележа и унапредувањето на понудата односно побогата понуда и примамливи промоции од домашните е-трговци, како и зголемување на понудата за домашните купувачи од интернационални е-трговци како Тему каде единствена платежна опција е плаќањето со картичка. Ефектите врз порастот останува да ги видиме преку податоците за првиот квартал годинава, а секако граѓаните ќе ги менуваат навиките и ова ќе влијае на вештините за онлајн купување кои што еволуираат, изјави претседателката на Асоцијацијата за е-трговија, Нина Ангеловска Станков.

    Отворањето на интернационалната понуда, наголаси, од друга страна уште повеќе го истакна главниот предизвик за домашните е-понудувачи односно предизвиците со доставата.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена