Вести
Лани регистрирани десетина напади на полицајци
Во текот на минатата година, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово кој го покрива и гостиварскиот регион, биле регистрирани десетина напади на овластени службени лица. Споредено со претходната година тоа се четири помалку.
Повеќето од нив се случиле во град, а два биле во селата. Шест биле извршени поединечно, а останатите здружено со учество на две или повеќе лица.
Според информациите од СВР, најголемиот број од нападите биле извршени при лишување од слобода или легитимирање на напаѓачите. Во еден случај било употребено и огнено оружје.
Тројца полициски службеници, завршиле со тешки телесни повреди, а 12 со лесни повреди. Сите случаи се целосно расчистени и заокружени со кривични пријави против инволвираните, кои се соочиле со законски предвидените санкции, соопштуваат надлежните.
Лани, биле пријавени и 28 омаловажувања на овластени службени лица. Навредувањата и омаловажувањата во најголем број биле при преземање мерки и активности во сообраќајни контроли.
-
Гостиварпред 20 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград