Гостивар
Лани во Гостивар воздухот бил загаден над 100 дена

Загадувањето на воздухот останува горлив проблем за граѓаните во гостиварскиот регион, што се потврдува и низ статистиките на Министерството за животна средина кои се однесуваат за 2022-ра година.
Особено надминувања на граничните вредности има кај штетните ПМ10 честички. Во последниот месец од лани дури 22 дена ги имало повеќе во воздухот од максимум дозволеното.
На годишно ниво пак, од 365 денови, 102 дена гостиварци дишеле штетни ПМ10 честички над дозволените граници.

Според извештајот на Министерството за животна средина, гостиварци скоро секој трет ден во 2022 година, се гушеле во загаден воздух.
Штетните честички се емитуваат во атмосферата од голем број на извори, како издувниот систем на возилата, греењето во домаќинствата, индустриските процеси, електраните, согорувањето на земјоделскиот отпад, согорувањето на отпад од дивите депонии и дворовите и шумските пожари.
Покрај штетните ПМ10 честички во 2022-ра година во извештајот на МЖСПП седум пати е евидентирано и надминување на дозволената вредност кај концентрацијата на озон, кој го апсорбира штетното UV зрачење од сонцето и на тој начин озонскиот слој го штити животот на земјата.

Седум пати во 2022 година бил пробиен и дозволениот праг на концентрација на Озон, со што жителите на Гостивар биле изложени на штетно UV зрачење.
Главните извори на NOX и VOCs кои го оштетуваат приземниот озонски слој се емисијата на издувни гасови од моторите со внатрешно согорување кај возилата, емисиите од индустриските постројки, пареите од бензен, хемиските растворувачи и биогенетски емисии од природни извори.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 3 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 4 недели
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос