Занимливости
Лаутербрунен: Долината со 72 водопади во Швајцарија
Во Бернер Оберланд на швајцарските Алпи, околу 70 километри од Берн, се наоѓа Лаутербрунен (Lauterbrunnen), долина која се смета за една од најубавите во Европа. Долината е широка околу 1 километар, а се наоѓа помеѓу џиновски карпи и планински врвови кои се издигаат, безмалку вертикално на висина од 300 метри од дното на долината.
На дното се наоѓа селото Лаутербрунен, што во превод значи – многу извори, а името го добило по 72-та водопади кои паѓаат во долината од неколку стотини метри висина. Најпознат од нив е Стаубах (Staubbach) висок скоро 300 метри, што го прави еден од највисоките водопади во Европа формиран од еден непрекинат пад.
Уште еден спектакуларен природен феномен се Трамелбах (Trümmelbach), водопадите кои се скриени во внатрешноста на планините. носејќи со себе 20.000 литри вода во секунда, паѓајќи низ карпите од 200 метри висина.
Карпите и водопадите на Лаутербрунен инспирирале многу уметници и писатели како Гете, Франц Шуберт и Ј.Р.Р Толкиен. Исто така редовно ги привлекуваат љубителите на природата, туристите, уметници и фотографи од сите краеви на светот. Лаутербрунен е дел од Светското природно наследство на УНЕСКО од 2001-ва година.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар