Гостивар
Лазами: Ѓубрето го чуваме во магацини, бараме асистенција од полицијата за пристап до Русино
Трет ден трае блокадата на Русино кај Гостивар. Исто толку време, нема нов смет на таканаречената депонија. Граѓаните остануваат на рампата во 24 часовно дежурство, а се организираат во смени.
Гостиварски „Комуналец“ пак, не престана со редовно празнење на контејнерите и собирање на ѓубрето, но нема каде да го транспортира. Директорот на претпријатието Исак Лазами, рече дека бараат асистенција на полицијата да се отвори патот кон Русино за камионите од Гостивар.
„Бараме од полицијата да ни овозможи да имаме пристап до Русино. Денес уште еднаш испративме барање за асистенција да ни го отворат патот и да можеме сметот да го носиме на депонијата. Сите барања на граѓаните кои блокираат се во процедура и се трудиме да ги исполниме. Ние управуваме со Русино како што треба, имаме обезбедување од 8 до 24 часа, во процедура се постапките за монтирање на безбедносни камери. Ние ѓубрето собирано во последните денови го чуваме во магацините, таму кадешто ги чуваме камионите. Во ова време на пандемија нема смисла, да се наметнува и овој проблем со сметот плус. Замислете што ќе се случи ако нема каде да го носиме ѓубрето уште два дена. дотогаш.“, изјави Лазами.
Според директорот блокадата има политичка позадина. „Јас сметам дека има политичка позадина, со оглед дека не се пропуштаат ниту камионите од Гостивар. Општината организираше јавна дебата, на која беше кажано дека и локалната власт и претпријатието ја поддржуваат иницијативата за чист воздух и дека забрануваме носење на отпад од други општини, додека не се изгради модерна современа депонија. Но, граѓанската иницијатива сепак реши да не дава приод и за камионите од Гостивар.“, рече тој.
Од Граѓанската иницијатива Стоп Русино, чист воздух за Гостивар, кои се организатори на блокадата децидно велат дека немаат политички мотиви. Кога ќе ја кренат рампата за возилата со смет од Гостивар, зависи од договорот со исполнување на барањата.
„Ова е чисто граѓанска иницијатива, без никаква политичка позадина. На блокадата не посетија политички претставници од различни партии, членови на Советот и слично, да не сослушаат како граѓани. Мислам дека сите политички структури треба да ја поддржат иницијативата, затоа што се работи за здравјето и за иднината“, рече Валентина Штерјоска од „Стоп Русино“. Во однос на прашањето до каде се преговорите со надлежните за пропуштање на камиони од Гостивар, нагласи дека очекуваат во текот на денот очекуваат да добијат потврда дека општината испратила барање до Владата и Министерството за животна средина за затворање на Русино и изнаоѓање решение за изградба на депонија по ЕУ стандарди.
„Денес очекуваме општината да го испрати тоа официјално барањето до надлежните и ние ќе покажаме добра волја и ќе почнеме да ги пуштаме камионите на ЈП Комуналец-Гостивар, во интерес на сите граѓани. Но, блокадата и понатаму ќе продолжи за ѓубрето од другите општини. Во меѓувреме да се исполнат целосно нашите барања: да се спречи горењето, да се затрупа Русино и да се постави видео надзор за да се има увид во местото и да не ни се случуваат пожари повторно“, изјави Штерјоска.
Крајна цел на граѓанската иницијатива е затворање и дислокација на Русино.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград