Поврзи се со нас

Спорт

Лазаров и Миркуловски ќе го одиграат последниот натпревар во репрезентативниот дрес

Објавено

на

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров и еден од најдобрите централни бекови Филип Миркуловски, вечер ќе ги имаат своите последни репрезентативни настапи. Двајцата ќе бидат дел од македонската селекција која ќе го игра реваншот со Чешка во финалето на плејофот за пласман на Светското првенство 2023.

На првиот меч одигран пред четири дена во Злин, резултатот беше нерешен 24:24, иако во почетните минути од второто полувреме македонските ракометари имаа седум голови предност.

Лазаров кој ја извршува и селекторската функција посакува било каква победа и остварување на целта – задржување на континуитетот на учества на големите натпреварувања.

– Верувам дека со помош на седум илјади наши навивачи кои ќе ни бидат ветер во грбот, а не психолошки притисок, ќе ја победиме Чешка. Најважно е да победиме без разлика дали тоа ќе биде со еден, два или повеќе голови. На нивни терен покажавме дека имаме квалитет.  Знам и дека за реваншот Чесите ќе се подготват добро и дека нема да биде воопшто лесно. Ние имаме добар резултат, позитивен, никогаш сме немале ваков во еден бараж натпревар, изјави Лазаров.

Натпреварот ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ вечер со почеток во 19 часот. Сите билети се распродадени па се очекува огромна поддршка од трибините за македонските ракометари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 37 минути

Во Гостивар лишени од слобода три лица барани за затворски казни

Македонијапред 1 час

Од денес стапува во сила одлуката за намалување и замрзнување на цените на тоалетната хартија, влошките…

Гостиварпред 2 часа

При заплена на 4 килограми марихуана приведени лица од Гостивар и од Битола

Гостиварпред 3 часа

Утрово најстудено во Лазарополе, попладне се очекува дожд

Вестипред 17 часа

AccuWeather објави голема прогноза за пролетта: Еве што се очекува за нашиот дел од Европа, некои се загрижени

Македонијапред 20 часа

Протест на машинскиот и извршниот персонал на МЖ Транспорт, најавена блокада на железничкиот сообраќај

Гостиварпред 21 час

Во вторник старт на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, посебен сообраќаен режим поради свеченоста

Гостиварпред 23 часа

Инцидент во модуларната болница во Гостивар, жена се заканувала на персоналот

Македонијапред 1 ден

Струјата во второто полугодие лани поскапела за 12,6 %

Гостиварпред 2 недели

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 4 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Вестипред 1 недела

Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион

Гостиварпред 4 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 3 недели

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Гостиварпред 4 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 2 недели

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Македонијапред 4 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Гостиварпред 3 недели

Гостопримството на гостиварци и дали биле подобри домаќини од тетовци?…

Огласи за вработување:

Популарно изминативе 100 дена