Гостивар
ЛЕАР вработува 70 лица – Во понеделник презентација на деталите во Гостивар
Американската компанија ,,Леар Корпорејшн “ во понеделник на (24.06.2019) во просториите на салата на Советот на Општина Гостивар, од 14:00 часот ќе одржи презентација на која ќе бидат претставени деталите во врска со отворениот Јавен повик за нови 70 работни места во компанијата, за оператори на машини за шиење.
Настанот е отворен за сите заинтересирани кои сакаат да бидат дел од оваа компанија.
,,Леар Корпорејшн “ е водечки глобален застапник за навлаки за седишта за автомобили и електрични дистрибутивни системи. Ги опслужува сите поголеми производители на автомобили во светот, а нивните производи се застапени во повеќе од 350 видови на возила. Производите на ,,Леар Корпорејшн “ кои се од светска класа се дизајнирани, проектирани и произведени од стручен тим кој брои околу 170.000 вработени, распределени во 36 земји.
Фабриката на ,,Леар Корпорејшн“ во Македонија е лоцирана во ТИРЗ Тетово на површина од 12.000 квадратни метри со инвестиција вредна над €15 милиони. Располага со врвна машинерија, производни капацитети (за сечење кожа и платно), магацин и канцелариски простории.
(комерцијална објава)
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар