Поврзи се со нас

Македонија

Лебот да поевтини на 20 денари, бара Асоцијацијата на земјоделци и фармери

Објавено

на

Цената на лебот да се намали на 20 денари, да се зголемат субвенциите за производството на пченица и за 50 проценти да се намалат заштитните средства зашто се меѓу најскапите во регионот, бараат од Асоцијацијата на земјоделци и фармери. При ниска цена на пченицата од 9 до 11 денари, висока е цената на лебот од 30 до 35 денари за една векна со различна тежина.

-Според откупната цена на пченицата која беше од 9 до 11 денари за килограм, реално е цената на лебот да биде 20 денари. Тоа значи дека ние, како Асоцијација, имаме направено прецизна калкулација во која не треба лебот да биде повеќе од 20 денари. Предлагаме, сите млинари и пекарници да ја прифатат оваа наша калкулација и уште веднаш и цената на лебот да биде 20 денари, изјави Перо Стојкоски, претседател на Асоцијацијата на земјоделци и фармери.

Потребите на земјава од пченица се околу 360 000 тони, а производството, според асоцијацијата е околу 230 000 до 240 000 тони. Другото се увезува од соседните земји.

Според Александар Ристески, производител на леб од Прилеп, сегашната цена на лебот е реална и прифатлива, од 30 до 35 денари.

-Сметам дека сегашната цена е реална. Пред 10-15 години, цената на лебот беше 25 денари. Сега, продажната цена на лебот е 30 денари. Кога ќе направиме споредба на ресурсите, на репроматеријалите, на струјата, на работната рака, а пред 10-15 години, па и сега, па макар и на брашно, мислам оваа цена е прифатлива за потрошувачите, рече Ристески.

Зголемувањето на домашното производство на пченица го посакуваат од Асоцијацијата на земјоделци и фармери, но бараат повеќе субвенции, иако се дава земјиште под концесија и да се намалат за 50 проценти заштитните средства кои се меѓу најскапите во регионот.

-Можеби еден ден ќе дојдеме во ситуација на зголемени површини и производство на пченица, но за оваа реколта не посеавме доволно поради недостиг од механизација за обработка на површините. Според состојбите, за оваа година треба да очекуваме принос од околу 240 000 тони пченица. Државата треба да го поддржува посилно производството на пченица. Таа треба да ја покрива загубата од производната до продажната цена. Инспекторатот за земјоделство треба повеќе да се позанимава со земјоделските аптеки, зашто цените на заштитните средства се многу големи што ги зголемува трошоците за производство. На пример заштитно средство „логранд“ за пченицата во нашите аптеки чини 400 до 500 денари, а во соседните земји е 100 денари, вели претседателот на Асоцијацијата на земјоделци и фармери Стојкоски.

Според производителите на леб, зголеменото производство на пченица може да влијае на намалувањето на цената на лебот, но ако домашната пченица во млиновите за брашно не се меша со увезена.

Сподели ја веста:
Advertisement
Македонијапред 12 часа

Македонија во спомен на 59-те жртви во пожарот, собир и на плоштадот во Гостивар

Македонијапред 13 часа

Контрола на кабареа, ноќни и диско клубови-Донесени забрани за работа

Македонијапред 14 часа

Извршени претреси во Министерство за економија, управителот и одговорното лице на „Пулс“ и Општина Кочани

Македонијапред 16 часа

Погребот на загинатите во пожарот во Кочани ќе биде во четврток

Македонијапред 18 часа

Тошковски разреши началници и командири во Штип и Кочани

Македонијапред 19 часа

Во храмовите на МПЦ-ОА утре и во петок заупокоена литургија, парастос за упокоените и молитва за повредените

Македонијапред 20 часа

Да не се шпекулира со бројот на загинати во пожарот во Кочани, апелира Владата

Македонијапред 22 часа

Притвор од 48 часа за Бектеши, Трајковски и уште 12 осомничени лица за пожарот во Кочани

Македонијапред 23 часа

Поради трагедијата во Кочани ден на жалост и во Србија, Бугарија, БиХ, Црна Гора

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 8 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена