Поврзи се со нас

Гостивар

Легализирани 28 муслимански верски објекти на подрачјето на Гостивар

Објавено

на

Дваесет и осум верски објекти низ селата и во градот Гостивар, сопственост на Исламската верска заедница добија решенија за легализација. Документите на муфтијата Шаќир ефенди Фетаху, денес му ги врачи градоначалникот Арбен Таравари.

„Ова беше барање на Исламската верска заедница од пред една година и чест и задоволство ми е што го исполнуваме. Се работи за 22 џамии, две училишта-мектебе и 2 теќиња.“, рече градоначалникот.

Муфтијата Фетаху изрази благодарност до општината што излегла во пресрет на барањата и истакна дека овој чекор е од особено значење за муслиманските верници и доаѓа во празнична атмосфера.

„Значењето е големо, затоа што ова се случува токму во месецот Рамазан, пред најголемата ноќ, Ноќ на Кадр, што симболизира знаење, наука, солидарност, хуманост, мир. Така овој празник ќе се запамети како ден кога се легализирале објекти што се многу важни за организирање на верскиот живот“, изјави Фетаху.

Еден од легализираните објекти е и зградата на Саат Џамијата, кадешто е сместено Муфтиството во Гостивар. Низ селата се опфатени џамии во Симница, Корито, Бањица, Речане, Вруток, Лакавица и други.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена