Гостивар
Легализирани 50-тина приватни и десетина верски објекти на гостиварското подрачје

Над шеесет точки од дневниот ред на вчерашното продолжение на 15-тата седница на Советот на Општина Гостивар се однесуваа на урбанистичкото планирање и легализацијата на бесправно изградени објекти на гостиварското подрачје.
Советниците изгласаа педесетина одлуки за донесување на урбанистичко-планска документација и вклопување на бесправни градби, приватни објекти сопственост на граѓани, како и 11 одлуки за верски објекти на Исламската верска заедница, во гостиварските села. Станува збор за џамии и теќе во Лакавица, Падалиште, Страјане, Трново, Мало Турчане, Симница, Долно Јеловце, Беловиште и Вруток.
Донесувањето на урбанистичката документација за џамиите е на барање на Исламската верска заедница. Претходно, тричлена комисија од општината извршила увид на верските објекти, за да ја констатира состојбата на терен.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите