Македонија
Легалните такси возила во иднина ќе имаат жолти регистарски таблици

Новините во Законот за моторни возила предвидуваат мерки коишто треба да придонесат за воспоставување на ред во такси превозот и сузбивање на нелојалната конкуренција со „дивите“ таксисти. Автомобилите на лиценцираните такси превозници ќе имаат жолти регистраски таблици, а ќе бидат обележани и со унифицирана светлечка табла.
„На барање на здруженијата за авто -такси превоз се воведуваат жолти таблици за такси возилата, со цел да се постигне ред во такси превозот, односно да се препознаваат лиценцираните и регистрираните такси возила, и ќе се спречи нелојалната конкуренција во оваа дејност, односно забрана за вршење на нерегистрирана дејност. Исто така се воведува и унифицирана светлечка табла за такси возилата“ информираше министерот за економија, Кресник Бектеши.
Законските измени, како што веќе пишувавме опфаќаат и доделување на субвенции за набавка на нови автомобили и за вградување на плински уреди во автомобилите.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар