Спорт
Легендарната фудбалскa селекција на Бугарија и Македонија ќе одиграат хуманитарен натпревар за Кочани

Бугарските фудбалски легенди од славната генерација на Светското првенство 1994 година ќе се соочат со македонски фудбалски ѕвезди во хуманитарен натпревар, со цел собирање средства за настраданите во трагедијата во Кочани.
Натпреварот ќе се одржи на 27 април во Варна, Бугарија, и е во организација на Фондацијата „Национали 94“, во партнерство со Општина Варна. Целта е да се соберат средства за лекување на повредените од трагичниот пожар во дискотеката во Кочани.
За бугарскиот тим „Ѕвезди 94“ ќе настапат некои од најголемите имиња од славната генерација што го освои четвртото место на СП 1994 во САД. Тимот ќе го води легендарниот селектор Димитар Пенев, со асистенција од Красимир Борисов. Меѓу потврдените играчи се: Христо Стоичков, Борислав Михајлов, Јордан Лечков, Емил Костадинов, Наско Сираков, и многу други.
Во натпреварот ќе учествуваат и поранешни бугарски репрезентативци од поновите генерации како Радостин Станев, Елин Топузаков, Мартин Камбуров, Валери Божинов и други.
Македонската репрезентација ќе ја предводи Горан Пандев, најтрофејниот македонски фудбалер, поранешен напаѓач на Интер, Наполи и Лацио, со кој ја освои и Лигата на шампионите.
Хуманитарниот фудбалски спектакл има за цел да испрати силна порака на солидарност и поддршка кон настраданите и нивните семејства, а организаторите повикуваат јавноста да се вклучи и помогне преку донации.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?