Поврзи се со нас

Спорт

Легендарниот стадион Сан Паоло во Неапол, ќе го носи името на Марадона

Објавено

на

Денес, градоначалникот на Неапол, Луиџи Де Магистрис, ја започна формалната постапка за преименување на стадионот Сан Паоло во Диего Марадона.

Градоначалникот се одлучи на тој потег по смртта на легендарниот фудбалер на Наполи и аргентинската репрезентација. Диего, почина вчера на 60 годишна возраст од срцев удар.

“Започнавме уште утрово, ги презедовме првите чекори да го посветиме стадионот во Неапол на Марадона. Тоа е процес, но тоа ќе биде брз процес, бидејќи кога ќе има толку силна желба, ништо не може да не спречи. Се надеваме дека ќе се совпадне со враќањето на навивачите на стадион “, рече Де Магистрис.

Градот е сопственик на стадионот Сан Паоло, каде Марадона го предводеше Наполи до единствените две шампионски титули во Серија А, во 1987 и 1990 година.

Наполи вечерва ќе игра против Ријека во Лигата на Европа пред празни трибини поради пандемијата на вирусот корона.

Навивачите се собраа синоќа, во текот на ноќта и утрово пред стадионот да оддадат почит на Марадона, пеејќи песни, веејќи знамиња и шалови и запалија безброј факели, иако собирите се забранети бидејќи Неапол е прогласен за црвена зона поради пандемијата.

На насловната страница од денешниот број на водечкиот весник од Неапол, „Il Mattino“ стои напишано „Grazie“.

Додека најголемиот италијански спортски весник „Gazzetta dello sport“ ги посвети првите 23 страници на легендарниот фудбалер.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена