Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Лек за прочистување и подмладување – Сок од зелена пченица

Објавено

на

Зелениот дел од пченицата е совршен извор на витамини и минерали неопходни за организмот. Младата пченица содржи преку 100 елементи кои благотворно дејствуваат врз организмот, меѓу кои и калиум, железо, калциум, магнезиум, витамини А, Б, Ц, Е, хлорофил и многу други.

Сокот од зелениот дел на пченицата е драгоцен лек за прочистување и подмладување на организмот, и не случајно го нарекуваат течно злато.

Овој драгоцен пијалак го зајакнува имунитетот, ја прочистува крвта, ја зголемува енергијата, помага за несоница, желудечни тегоби и што ли уште не.

Како да подготвите сок од пченица

Најдобро е пченицата сами да ја засадите во домашни услови, и притоа да користите еколошко семе. Во стаклен сад ставете малку семе, додадете вода и оставете го 8-10 часа. Исцедете го, и оставете го во садот следните 24 часа, со тоа што неколкупати ќе го полевате со вода и веднаш ќе го цедите.

Од влагата, пченицата брзо ќе почне да ‘рти, па кога ќе ги забележите никулците, зрната ставете ги во некој сад во кој сте ставиле малку земја. Секој ден налевајте по малку вода. Кога зелениот дел ќе порасне околу 20 сантиметри, оставете го садот малку на сонце, а наредниот ден веќе може да го исечете зелениот дел и да го ставите во соковник.

Течноста која се добива е токму тој драгоцен пијалак кој го чисти организмот. Околу 30 милилитри дневно е сосема доволно за да се почувствуваат благодетите.

Ако не сакате да подготвувате сок, или пак немате соковник, зелениот дел од пченицата може да го користите во салати, или да го ставите во блендер, да додадете некое овошје, малку вода и да уживате во здравиот енергетски пијалак.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена