Вести
Лекари без граници: Бомбардирањето на болницата во Газа е масакр

Хуманитарната организација „Лекари без граници“ синоќа соопшти дека бомбардирањето на болницата Ал Ахли во Газа е неприфатливо и дека тоа е масакр.
„Ништо не го оправдува овој шокантен напад врз болницата и нејзините многу пациенти и здравствени работници, како и луѓето кои побараа засолниште таму“, се вели во соопштението на организацијата.
Се додава дека болниците не се цел и дека крвопролевањето мора да престане.
Заменик постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Дмитриј Полјански, соопшти дека Русија и Обединетите Арапски Емирати побарале итна седница на Советот за безбедност во врска со експлозијата во болницата во Газа, во која, според Палестинците, загинале најмалку 300 луѓе.
„Русија и Обединетите Арапски Емирати побараа итен состанок на Советот за безбедност на ОН на 18 октомври, поради ракетниот напад врз болница во Газа. Да видиме како ќе реагираат нашите западни колеги на ова“, напиша Полјански на социјалната мрежа X (Твитер).
Палестинската милитантна група Хамас ги обвинува израелските одбранбени сили (ИДФ) дека се одговорни за нападот на болницата, додека ИДФ вели дека експлозијата била предизвикана од неуспешно лансирање ракета на Исламски џихад.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград