Поврзи се со нас

Гостивар

Лекарите на протест – напад врз медицинар законски да се изедначи со напад врз полицаец

Под мотото „Доста е! Стоп за насилство врз здравствените работници!“, во среда (18 септември) во кругот на Клиничкиот Центар во Скопје, ќе се одржи протест на медицинарите. Протестот доаѓа по зачестените напади врз медицински лица, во изминатиот период.

„Ова ќе биде последна опомена и изразување нна нашиот револт, не смееме да работиме под страв во и онака лоши услови! Време е државата да преземе итни мерки и да не заштити, во спротивно, организирано ќе престанеме со работа се до решавање на овој проблем!“, велат од Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти, организатори на протестот.

Како свои барања ги наведуваат:
1. Итно донесување на закон за докторска дејност
2. Законско изедначување на напад на медицинар со напад на полицаец
3. Итно и сериозно организирање на служби за обезбедување во секој здравствен објект

 

Advertisement
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно