Поврзи се со нас

Вести

Бесплатно лекување од ковид за македонските граѓани во Албанија и Србија

Објавено

на

Македонија, Албанија и Србија потпишаа договор, кој меѓу другото предвидува бесплатно лекување од ковид за граѓаните, доколку се затекнат болни на територијата на друга земја и движење без ПЦР тестови.

„Меѓусебно ќе се поддржуваме и ќе си помагаме во моменти доколку се случи преоптоварување на здравствените системи во нашите земји. Отвораме зелени коридори за патување на нашите граѓани и економските оператори со кои се ублажуваат последиците од КОВИД-19. Граѓаните и пред се носителите на економијата ќе се движат помеѓу трите земји без потреба од ПЦР тест, односно ќе се ослободат од административен и финансиски товар граѓаните на нашите држави, притоа почитувајќи ги сите мерки на заштита кои се речиси идентични“, рече премиерот Зоран Заев.

Истовремено премиерот Заев информираше дека дел од договорот е и помошта која земјите меѓусебно ќе си ја даваат во случај на преоптоварување на здравствените системи во државите потписнички.

„Доколку некој граѓанин на Северна Македонија се разболи и треба да се лекува во Албанија или Србија, тогаш нашите соседни држави ќе го покријат лекувањето и нашиот граѓанин нема да треба да плаќа од свој џеб. Истото ќе важи и за граѓаните на Албанија и Србија доколку се затечат на наша територија и им е потребна помош. Ова се моменти на солидарност, на трезвено размислување и на поткрепа која си ја даваме меѓусебно”, заклучи премиерот.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ рече дека од пресудно значење е оваа соработка, а меморандумите кои беа потпишани ќе помогнат да функционираат земјите и во услови на глобална пандемија.

„Со поедноставување на постапките, овозможуваме подобар развој на економијата која е клучна во овој период, очекувајќи ги уште поголемите економски последици кои произлегуваат од коронакризата“, изјави Вучиќ.

Премиерот на Албанија Еди Рама додаде дека е среќен со потпишувањето на договорите кои ја поттикнуваат слободата на движење на граѓаните. Според Рама, со Софискиот самит почнува нова фаза во блиска соработка, кога во оваа иницијатива и соработка ќе се вклучи Косово, а очекува вклучување и на другите држави од регионот на Западен Балкан.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена