Поврзи се со нас

Технологија

Летачко такси во Дубаи до почетокот на 2026 година

Објавено

на

    Летачката такси-услуга во Дубаи ќе биде пуштена во промет до првото тримесечје на 2026 година, изјави Калед ал Авади, директор на одделот за транспортна технологија во Управата за патишта и транспорт на најпознатиот град во Обединетите Арапски Емирати.

    • Имаме план за до првиот квартал на 2026 година да почнеме со авио-такси услуга. Во мигов работиме на тестирање и сертификација на самото возило со нашите партнери од американската компанија „Џоби авиејшн“ (Jobi Aviation). Ја почнуваме и фазата на дизајнирање станици со „Скајпорт“ (Skyport) – британската компанија којашто ќе развива хелиодроми, појасни Ал Авади.

    Според најавата, во Дубаи се планира изградба на четири вертикални хелиодроми за такси-летала, од коишто два ќе бидат пуштени во употреба на почетокот на 2026 година.

    • Со нашите партнери работиме оваа услуга да биде што попристапна и веруваме дека ќе биде многу поевтина од користењето конвенционални хеликоптери, додаде директорот на Управата.

    Цената на оваа услуга, според првичните информации, ќе биде пониска или приближно исто како и онаа за изнајмување лимузина. Електричното летачко такси, исто така, ќе биде и „сто пати потивко“ од обичниот хеликоптер, се вели. И копнено-сообраќајната такси-услуга се електрифицира.

    • Би требало, до 2035 година сите такси-возила во Дубаи да бидат електрични, а до 2050 година целиот возен парк да се состои само од електрични автобуси, заклучува Ал Авади.

    Што се однесува до такси-автомобилите без возачи, коишто се развиваат заедно со „Џенерал моторс“, во Дубаи ќе бидат пуштени веќе во 2025 година. Тестирањето е во тек.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена