Поврзи се со нас

Гостивар

Летен камп по веронаука во скитот на Светите Кирил и Методиј во Битуше

Објавено

на

    Триесеттина деца од разни  делови на државава беа учесници на првиот летен камп во бигорскиот скит на Светите браќа Кирил и Методиј, во селото Битуше.

    „По идеја и со благослов на нашиот возљубен Старец, епископот Антаниски г. Партениј, ова лето, во ова прекрасно место кое од Создателот на сета твар е дарувано со многу природни убавини, започнавме со организирање на летните школи за деца и млади. На овие летни кампови по веронаука, освен изучувањето на делото на Светите браќа Кирил и Методиј, на кои им е посветено ова свето место, се изучуваат и основите на православната вера, традициите и етичкото учење што од неа произлегуваат“, рече сестра Ефимија.

    Исто така, додава таа, се фокусираме и на развојот на сите добри потенцијали на децата, на нивниот креативен капацитет и на социјалната интеракција, коишто во денешно време особено недостасуваат меѓу нив.

    -Радоста и џагорот кои се споделуваа беа причина за и жителите и дојденците во селото Битуше, заедно со своите деца и внуци да го посетуваат скитот и да остануваат таму преку целиот ден, учествувајќи заедно со децата кампери во различните видови на активности, нагласува сестрата.

    Всушност, посочува, овој камп на некој начин имаше вонреден карактер, затоа што комплексот на Скитот сѐ уште се наоѓа во фаза на доградување и на подготовка.

    Се надеваме, вели, дека, со Божја помош, ќе бидат обезбедени неопходните средства за целосно завршување на градителските активности.

    Според неа за децата најрадосна била средбата со владиката  Партениј, кој доаѓајќи во посета на дечињата, се запознал со сето она што тие го научиле и го стекнале како вредност во текот на оваа школа.

    фото:Бигорски манастир

     

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена