Рецепти
Летен кулинарски хит: Пица со лимон

Откако е измислена, пицата до сега има доживеано стотици варијанти и комбинации, а може да се каже дека секојдневно се измислува некој нов пица рецепт. Ова лето кулинарите решија да ја лансираат пицата со лимон. Звучи необично, но ако сте љубител на експериментирање во кујната и новите вкусови, тогаш дефинитивно треба да ја подготвите и пробате.
состојки:
250-300 гр. брашно
половина коцка квасец
100-150 мл. млеко
250 гр. моцарела
1 лимон
2 лажички маслиново масло
сол, бибер, малку шеќер
подготовка: Најпрво ставете го квасецот да стаса во млекото, кое треба да биде млако. При тоа додадете малку шеќер и лажиче брашно. Откако ќе стаса, измешајте го во брашното во длабок сад и замесете го тестото. Замесеното тесто оставете го 10-тина минути да нарасне. Потоа развлечете го соодветно за подлога за пица. Од оваа количина би требало да излезе една поголема пица или две помали. Врз развлеченото тесто распоредете ги моцарелата и лимонот (претходно убаво измиен) кои треба да бидат исечени на тенки резанки. Одозгора полијте со маслиновото масло и додадете сол и бибер. Пицата се пече во загреана рерна, околу 20 минути.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош