Рецепти
Летен ручек, одличен за периодов на жештина кога се јаде помалку и полесна храна
Тропските горештини си го прават своето и во однос на исхраната, па така многумина периодов имаат намален апетит и избираат полесна храна. Токму затоа, ви предлагаме еден рецепт за едноставен, летен ручек, кој ќе го задоволи вашиот вкус и ќе ви овозможи доволно хранливи материи за организмот.
Состојки:
300 грама моркови
4 благи пиперки
2 лути пиперки
1 модар патлиџан
2-3 варени јајца
600 грама павлака или грчки јогурт
3-4 чешниња лук
сол, масло, бибер, оригано, црвен пипер.
Подготовка: Најпрво, во тава со масло пропржете го исецканиот лук, па додадете ги изренданите моркови, како и исецканиот модар патлиџан и пиперките. Во павлаката/грчкиот јогурт измешајте ги зачините. Во подлабок сад ставете слој од пропржениот зеленчук, па слој од павлаката/грчкиот јогурт, па варени јајца исечени на парчиња. Повторете ја постапката додека не ви се потрошат смесите. Овој летен ручек може да го сервирате со млад кромид, ротквици или краставички.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија