Гостивар
Летна школа Гостивар: Децата учат рециклирање преку уметност, спортуваат, се дружат…

Голем број основци се вклучија во Летната школа во Гостивар, а активностите ги избраа според своите афинитети. Школата, која е бесплатна, ја организира општината со цел да ги ангажира децата на возраст од 7 до 14 години со спорт, уметаност, планинарење, музика, изучување странски јазици и сл.
Претставници од локалната самоуправа денес посетија дел од активностите.
„Го посетивме класот за рециклирање, каде децата учат рециклирање и повторно користење на материјалите за создавање уметнички дела. Многу сме задоволни од напредокот на дечињата. Потоа го посетивме и класот по ракомет, каде најмалите ги учат првите чекори за здрав спортски живот. Целите на летната школа се децата да бидат активни и во текот на летната сезона и подалеку од технологијата, како и откривање на нови таленти во различни области.“, нагласи раководителката на Секторот за образование, Аслијан Снопче.
Летната школа започна на први јули, а ќе се заокружи на 30-ти јули со пригоден настан.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!