Гостивар
Леуново подготвено за одбележување на празникот Голема Богородица во време на пандемија
Годинава одбележувањето поради корна пандемијата ќе помине во поинакви услови, без народниот собир во дворот на црквата и без традиционалниот ручек со песни, ора и лицитација. Црквата ќе биде отворена за верниците.
Леуново како и годините наназад засилено се подготвува за одбележување на најголемиот празник за ова село, Успение на Пресвета Богородица. Годинава одбележувањето поради корна пандемијата ќе помине во поинакви услови, без народниот собир во дворот на црквата и без традиционалниот ручек со песни, ора и лицитација. Црквата ќе биде отворена за верниците.
„Празникот Голема Богородица во село Леуново се негува од памтивек, нашите предци како така успеале да ја зачуваат оваа традиција низ вековите, сега обврската е наша. Ние сме сега должни да ја одржуваме и пренесеме оваа чест на нашите наследници. Како и секоја година така и оваа подготовките за празникот се започнати од поодамна, се средува просторот околу црквата, се чисти црквата, годинава ја украсивме црквата, за се` да помине како доликува и како тоа го правеле леунци низ вековите. Оваа година пради ковид-19 пандемијата народниот собир е откажан. Верниците согласно мерките за заштита може да ја посетат црквата, запалат свеќа, но собир како години наназад годинава нема да има. Ги повикуваме посетителите да се придржуваат кон протоколите при посета на црквата и да си го чуваме здравјето, вели Димитрије Лазаревски, претседател на црковниот одбор на с.Леуново.
Одбележувањето на празникот започнува денес 27 август, вeчерва ќе има вечерна литургија од 18:00 часот. Утринска литургија на 28 август ќе започне во 9:00 часот со пеење лепче на леунчани и сите останати кои ја слават славата.
Празникот Голема Богородица во село Леуново се негува векови наназад, евидентирани записи има од 1866 година кога е отпочната градбата на оваа црква. Пресвета Богородица е заштитничка на селото Леуново и затоа се празнува како селска слава.
Годинава одбележувањето на Успение на Пресвета Богородица, ќе продолжи и на 29 август кога ќе се одржи пливачкиот маратон „Леуново 2020“, кој е дел од одбележувањето на овој празник во Леуново.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар