Поврзи се со нас

Референдум 2018

Левица во Гостивар: Договорот е скандалозен, референдумот да се бојкотира

Објавено

на

Во пресрет на Референдумот, Левица организираше политичка трибина во Гостивар, на која се зборуваше за билатералниот договор со Грција, потенцијалниот влез во НАТО, процесот на преговорите за името и слично.

Џејлан Велиу, член на Президиумот на партијата го нарече договорот скандалозен во кој се гледа дека Грција покажува сила над Македонија.  „Сам по себе договорот, исто како и преговорите што се водеа се скандалозни, затоа што тука важи силата на посилниот, односно Грција ни наметнува како да се викаме, кој јазик да го користиме, кој ќе биде нашиот идентитет, кои промени треба да ги направиме во Уставот. Сето тоа е делегирано од империјалните сили.“, рече Велиу.

Во своето излагање Зоран Василески, исто така член на Президиумот на Левица нагласи дека вметнувањето на географската одредница Северна, може да донесе ризик за иднината и стабилноста на Македонија. „Ако ние бидеме Северна Македонија, тогаш каде е вистинската Македонија. На Балканот на сцената се враќаат заборавените сеништа на национализмот и религискиот фундаментализам, па не е исклучено во иднина овој концепт на географска одредница за овој простор да направи проблем. Мора да признаеме дека идеите за големи држави на Балканот не се заборавени. Може ли некој да гарантира дека со овој договор засекогаш се гарантира безбедноста, стабилноста, самобитноста на државата кога живееме во најтурбулентниот дел на Европа“, истакна Василески.

На трибината на Левица во Гостивар беше речено дека бојкотот е единствениот правилен политички механизам, за пружање отпор на владејачките елити и нивните деструктивни политики. Фактот што Референдумот е консултативен, од партијата го толкуваат како страв на власта од гласот на народот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 25 минути

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 2 часа

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена