Вести
Лични асистенти им помагаат на слепи лица во Гостивар
Програмата за персонална асистенција на лица со попреченост во која Гостивар е вклучен како пилот општина, ги покажува првичните позитивни ефекти. Шест слепи лица веќе добија лични асистенти кои им помагаат во извршување на нивните секојдневни обврски и ги придружуваат до местата кадешто имаат потреба да одат.
„Ангажираните персонални асистенти, претходно поминаа обука и се стекнаа со содветен сертификат. Нивна задача е неколку часа во денот, со претходен договор, да ги придружуваат слепите лица, да им пружат помош во извршување на нивните обврски и потреби“, вели Сами Алија од Центарот за социјална работа во Гостивар.
За својот ангажман, асистентите добиваат надоместок зависно од бројот на часови кои ќе ги одработат, при што сумата за еден час изнесува 200 денари. Во Гостивар, Програмата за персонална асистенција на лица со попреченост се спроведува преку општинската организација на Црвениот крст.
Проектот има за цел да се обезбеди поддршка за независно и самостојно живеење на лицата со телесна попреченост и лица со целосно оштетен вид. Освен во Гостивар се спроведува и во Битола, Струга, Куманово, Неготино, Струмица и Градот Скопје. Предвидено е да трае до крајот на годината, по што ќе се разгледува можност за продолжување.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград