Поврзи се со нас

Гостивар

Ликовен хепенинг со дечиња во Гостивар по повод Денот на Ромите

Објавено

на

Во чест на Меѓународниот ден на Ромите кој се одбележува на 8-ми април, претпладнево на градскиот плоштад во Гостивар се одржа настан со ликовни и музички активности со дечињата од ромска националност од гостиварските градинки. Децата го цртаа ромското знаме и низ музика учеа за својата традиција и култура.

„Дојдовме со убава порака, нашата цел за оваа активност што ја организираме е да ги запознаеме малите деца кои се Ромите, која е нивната историја, традиција, култура, убавата музика. Сето тоа што ги прави да имаат достоинствен и убав живот во Гостивар, да го почитуваат тоа, како и да го негуваат својот мајчин јазик со генерации. Пораката од денешната активност е дека децата од рана возраст треба да си ги знаат своите права и обврски, прво како деца, а кога ќе пораснат да бидат граѓани кои ќе придонесуваат за заедницата пред се, а потоа и за општеството. Тука сум како претставник од градинка, но сум горда што сум Ромка и што бев дел од проектот Инклузија на деца Роми, а сега вработена како воспитувач.“, рече Миневер Скендери, воспитувачка во градинките во Гостивар.

Проектот Инклузија на деца Роми во гостиварските градинки се спроведува од 2006-та година. Скендери оцени дека има позитивни ефекти и дека со тек на времето расте интересот на родителите од ромска заедница да ги носат своите деца во установите.

Актуелно градинките во Гостивар ги посетуваат петнаесетина дечиња од ромска националност.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена