Култура
Ликовната колонија во Гостивар заокружена со заедничка изложба
Гостивар пет дена беше домаќин на четириесетина уметници од земјава и странство (Шпанија, Германија, Косово, Албанија, Бугарија, Турција, Монголија, Северна Кореа, Англија, Пакистан, Унгарија)кои се инспирираа и твореа во рамки на традиционалната Меѓународна ликовна колонија, настан што организира Здружение за ликовни уметности „Драудакум“. Колонијата се заокружи со заедничка изложба на создадените дела, која се одржа вчеравечер во Центарот за култура во Гостивар.
„На се` што е убаво му доаѓа крајот. Така и на ова наше дружење и творење. Сакам да им се заблагодарам на сите уметници кои учествуваа на колонијата. Верувам дека ќе понесат убави впечатоци од деновите поминати во Гостивар.“ рече професорот Решат Амети, претседател на Драудакум.
На свеченото отворање на изложбата, организаторите доделија благодарници на учесниците. Годинешното издание на Ликовната колонија во Гостивар беше четиринаесетто по ред. Колонијата се организира со поддршка на Министерството за култура и Општина Гостивар.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар