Гостивар
Лимани: Доделени 51 решение за работа на наставници и 20 за вработувања во општината и Противпожарна

Педесетина просветни работници кои повеќе години биле ангажирани со договори на дело во гостиварските училишта добија решенија за вработување, информираше денеска градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани. Тој додаде дека и за останатите наставници кои ги исполнуваат условите за трансформација на работното место ќе се достават барања до надлежното Министерство.
„Во тек на 2025-та година, 51 решение за работа се дадени, пред сѐ на наставници од основни и средни училишта. Сите кои ги исполнувале условите, со години биле со договор на дело, сега веќе ги имаат решенијата и можат да бидат спокојни за нивното работно место. За некои што останаа, доколку ги исполнуват условите, во тек на овие 2-3 месеци, ќе се испратат барања до Министерството и се надевам дека сите кои ги исполнуваат условите и за кои има работни места ќе добијат решенија. Тоа е сѐ со цел да бидат поспокојни и да не размислуваат дали следниот септември ќе имаат или немаат договор за работа.“, рече градоначалникот.
Лимани истакна дека исто така, дадени се 20 решенија на работници во општината и во Противпожарната единица на Гостивар.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос