Гостивар
Лимани најавува 15 проекти за подобра патна инфраструктура на Гостивар
Општина Гостивар аплицираше со 15 проекти на повикот за доделување 100 милиони евра од Министерството за локална самоуправа. Најголем дел од проектите се однесуваат на градската патна инфраструктура, меѓу кои и изградба на ново шеталиште во центарот на градот, информираа од локалната самоуправа. Станува збор за улицата „Кочо Зози“ која го поврзува плоштадот со главната подружница на Поштата во Гостивар, односно улицата на старото кино.
„Еден од проектите што сакам да го споменам е делот од поранешно Кино кој ќе се трансформира во модерно шеталиште. Верувам и се надевам дека овие проекти ќе се реализираат до крајот на годината или следната пролет кога очекуваме да имаме оглас на кој ќе аплицираме и со проектите што ги предвидовме“, изјави Валбон Лимани, в.д. градоначалник на општина Гостивар.
Лимани нагласи дека во моментов се работи на уредување на канализацијата на патот Здуње – Дебреше. Овој дел, во должина од над два километра првпат се уредува, а по неговото завршување, локалните власти велат дека обезбедиле финансиски средства за асфалтирање на патот.
„Канализацијата на патот Здуње – Дебреше продолжува и мислам дека за кратко ќе се доработи делот што остана. Во меѓувреме, во контакт со Светска банка и со компанијата која ги започна работите на патот Здуња-Дебреше, бев информиран дека следната недела ќе започне преостанатиот дел од асфалтирањето и верувам дека до крајот на есента исто така ќе биде комплетно завршена“, изјави првиот човек на Гостивар.
Во наредните денови се очекува да започне уште еден важен проект од патна инфраструктура. Станува збор за булеварот „Гоце Делчев“ кој ќе се реконструира и асфалтира од двете страни од Центарот за култура до автобуската станица.
„За кратко, можеби следната недела, ќе започне реконструкцијата и асфалтирањето на булеварот „Гоце Делчев“, делот од Центарот за култура до автобуската станица, за кој мислам дека има потреба од реконструкција, а со 15-те проекти што ги споменав на почетокот очигледно ќе се подобри патната инфраструктура во градот“, изјави Лимани.
Општина Гостивар најавува дека на вториот повик што ќе го објави Владата на почетокот на следната година со вредност од 250 милиони евра, акцентот ќе го стави на инфраструктурата на селата.
Инаку, денеска истекува рокот до кога општините треба да го пополнат формуларот за аплицирање за јавниот повик што го објави Министерството за локална самоуправа. По добивањето на формуларите за пријавување, започнува процесот на евалуација, кој се очекува да заврши најдоцна во рок од 10 дена, а врз основа на него, надлежните министерства изготвуваат предлог за одлука за тоа кои проекти ќе ги финансираат нивните ресори и Предлогот за одлука се доставува на одобрување на владина седница.
Средствата ќе бидат распределени преку шест ресорни министерства и тоа: Министерство за култура и туризам, Министерство за транспорт, Министерство за социјална политика, демографија и млади, Министерство за образование и наука, Министерство за животна средина и просторно планирање и Министерство за спорт.
-
Рецептипред 3 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 2 месеци
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Светпред 3 месеци
Земјотрес од 4,4 степени во Албанија
-
Македонијапред 3 месеци
Денес се слави Петровден
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар: Остри казни за сите кои го прекршуваат законот и го уништуваат јавниот имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Викендов 61 издание на Галичка свадба