Поврзи се со нас

Гостивар

Лимани останува в.д. градоначалник на Гостивар до Локалните избори, изгласани законските измени

Објавено

на

    Собранието со 83 гласа „за„ и 17 „против“ денеска го усвои Законот за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа, по скратена постапка. Со измените се предвидува вршителот на должност градоначалник во општините каде по сила на закон им престанал мандатот на избраните градоначалници да можат да ја извршуваат оваа функција до изборот на нов прв човек на општината. По парламентарните избори во земјата и изборот на министри и пратеници, в.д градоначалници има во општините Аеродром (Дејан Митески), Гостивар (Ваљбон Лимани) и Сарај (Иљас Весели).

    Пратеникот од ДУИ Блерим Беџети на денешната седница истакна дека причината поради која Европскиот фронт ќе ги поддржи измените се да не ги малтретираат граѓаните да гласаат и да не се трошат дополнителни средства.

    • Да не ги малтретираме граѓаните да гласаат, имајќи предвид дека изборите треба да се одржат пред Нова Година и остануваат неполни десет месеци до нивниот мандат, и имајќи предвид дека ние имаме спор на национален аспект околу легитимитетот, уставните измени кои што не се споменуваат никаде. Нормално, и да не трошиме дополнителни средства,  тие може да бидат користени за градинки, училишта и многу амандмани кои ги предложивме во ребалансот и во буџетот кој што ќе следи верувам дека тие средства ќе се потрошат за доброто на граѓаните, посочи  Беџети.

    Измените на Законот за локална самоуправа се донесени со двотретинско мнозинство, а во Собранието ги предложија координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и пратениците Халил Снопче од Вреди  и Бобан Карапејовски од ЗНАМ.

    Мицевски, во образложение на потребата од законските измени при утврдување на дневниот ред на собраниската седница на 14 септември, рече дека со нив треба да се овозможи да нема избори за нов градоначалник до редовните избори ако има помалку од 12 месеци. Станува збор, како што потенцираше, за преодно решение кое ќе важи само до претстојните локални избори до октомври следната година.

    -Со членот 4 се уредува преодно решение за постапката за распишување нови избори за градоначалник, поради настапување на еден од случаите за престанок на мандатот на градоначалник по сила на закон до одржување на првите редовни избори за членови на советите на општините и Советот на градот Скопје, за избор на градоначалник на општина и градоначалник на градот Скопје по влегувањето во сила на овој закон. Имајќи во предвид дека до распишување на нови локални избори има помалку од 12 месеци и тргнувајќи од начелото на економичност и економската состојба во државата, како и краткиот рок за организација на овие избори, а потоа доаѓаат и редовните локални,  продолжените законски решенија се со цел да ја постигнат целта поради која е предложен законот – односно да нема измени и овие кандидати за градоначалници да останат до одржување на редовните локални избори, рече Мицевски.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 8 часа

    Потврдени 2 случаи на мајмунски сипаници во Македонија

    Технологијапред 11 часа

    Зошто сè повеќе гледаме два уреди истовремено и како тоа влијае врз нашето здравје

    Македонијапред 13 часа

    Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

    Македонијапред 16 часа

    За случајот „Онкологија“ обвинети двајца екс директори и четворица лекари

    Македонијапред 18 часа

    Просечната плата во март 44.763 денари, објави ДЗС

    Гостиварпред 19 часа

    Огнен Аќимоски од Гостивар освои 1 место на државниот натпревар по географија со максимални 100 поени

    Гостиварпред 21 час

    Економското училиште во Гостивар ги промовираше образовните насоки – По 3.500 денари стипендија месечно за секој ученик

    Светпред 22 часа

    Силен земјотрес во Грција, издадено предупредување за цунами

    Видео емисиипред 2 дена

    ВИДЕО | Дојди во Врбен – Во прегратка на планината, во душата на зеленилото!

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена