Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Лимонада за добро утро и добро здравје

Објавено

на

Утринскиот филџан кафе заменете го со чаша лимонада (млака вода и сок од лимон). Американската нутриционистка Ен Луиз Гитлман тврди дека оваа комбинација му носи корист на организмот на различни начини, меѓу другото, помага при слабеење, го подобрува варењето на храната и ја зголемува количината на внесување на витамин Ц во нашето. Комбинација на сок од половина лимон и чаша топла вода, малку мелен цимет и малку ѓумбир дополнително ќе го збогати пијалокот. Напитокот од вода и лимон на празен стомак ќе го стимулира дигестивниот систем затоа што ќе ја подобри способноста на организмот да апсорбира хранливи материи. Лошата апсорбација на хранливи материи предизвикува глад дури и кога нема реална потреба за тоа.

Лимонадата е одлична за црниот дроб, бубрезите и за чистење на токсините од организмот

Водата и лимонот го чистат организмот и нежно ги плакнат бубрезите и црниот дроб од токсините, вели Др. Гитлман. Тие исто така помагаат во чистење на лимфниот систем, што е неопходно за елиминација на токсините. Вашето тело ќе има доволно течност ако ви стане навика да го пиете наутро. Ова е исто така важно затоа што дехидрираното тело собира повеќе маснотии. Имено, заради недостаток на течност, на бубрезите им е потребна помош на црниот дроб, што предизвикува црниот дроб да ја изгуби способноста да согорува маснотии. Водата природно го потиснува апетитот. И ако сте дехидрирани, вашиот глад се засилува. Лимонот помага во намалување на целулитот, бидејќи промовира циркулација, елиминација на токсините од организмот и можност за обработка на маснотии.

Одличен е за слабеење.

Еден лимон нуди 30,7 мг витамин Ц, додека потребната дневна доза на овој важен витамин е 75 мг за жени и 90 мг за мажи. Луѓето кои имаат повеќе витамин Ц имаат поефективен дигестивен систем од оние кои немаат доволно. Лимонот исто така ја подобрува апсорпцијата на калциум во организмот.Апсорбцијата на калциум повторно овозможува губење на тежината. Имено, калциумот се депонира во масните клетки, а колку се побогати со калциум, толку е полесно да се стимулира нивното согорување.
Витаминот Ц исто така го зајакнува имунолошкиот систем, помага во спречување на коронарна срцева болест, го намалува ризикот од мозочен удар, катаракта и задушување. Овој антиоксиданс е добар и во превенција на рак, но само кога се консумира со свежо овошје.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 7 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 9 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 10 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 11 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 12 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 13 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 14 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена