Култура
Литературни искри 2017: Испечатена заедничката поетска збирка
Во пресрет на главната манифестација од Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ што ќе се одржи во сабота во Гостивар, од печат излезе заедничката збирка со песни од најдобро бодуваните автори на конкурсот.
„НУЦК „АСНОМ“ – Гостивар со гордост и особено задоволство ви го претставува Алманахот од годинешното издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“. Низ страниците на оваа книга блеснуваат стиховите што оставија најдлабок впечаток кај стручното жири кое и годинава имаше тешка задача – да бодува поезија. Од над 70 пријавени автори на конкурсот за фестивалот, свое место во заедничката збирка најдоа дваесетина. На тој начин обезбедија да бидат дел од историјата на еден оригинален поетски фестивал во Македонија, кој иако млад по години, сепак доволно силен да го привлече вниманието на домашната и на балканската поетска јавност. Сакаме да потенцираме дека авторите застапени во Алманахот се објавени на својот мајчин јазик, се` со цел да се испочитуваат различностите и оригиналниот израз на поетите. Во збирката се поместени и стихови од автори коишто се дел од организацискиот тим на фестивалот“, се вели во воведниот дел од книгата.
Алманахот на педесетина страници, освен стихови, донесува и осврт од претседателот на жири комисијата на овогодинешниот фестивал, Вера Чорниј Мешкова. Книгата ќе биде промовирана на денот на манифестацијата, 20-ти мај во Центарот за култура во 12 часот. Нашиот портал gostivarpress.mk како медиумски поддржувач на фестивалот продолжува да информира околу текот на подготовките и самиот настан.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди