Култура
Литературно читање на ДПМ во Гостивар, ученици се дружеа со писатели и поети
Децата што почесто да се дружат со книгата, а авторите и професорите да ги мотивираат да стекнуваат читачки навики. Ова беше пораката испратена од денешниот настан кој се одржа во Гостивар во организација на Друштвото на писатели на Македонија, со литературно читање и претставување на пет писатели и поети пред основци и средношколци.
„Среќни сме што сме денеска во Гостивар, и во соработка со библиотеката го организираме ова литературно читање. Овој настан е по повод 75 години постоење на ДПМ. Имаме средба со учениците од основните и средни училишта и ни претставува големо задоволство и вистинска радост што градот Гостивар ги отвори своите врати за нас. Со ваквите настани повторно сакаме да се вратиме кај читателите, особено најмладите. Некако како да заборавивме дека читателите се создаваат од најмали нозе, па затоа одлучивме дека треба што почесто да бидеме меѓу најмладите и да организираме посети во домови на култура, библиотеки, училишта и градинки. Она што посебно не‘ радува е што Гостивар не е само развиен град стопански, туку е и град на културата’, рече Христо Петрески, претседател на ДПМ.
Покрај Петрески на литературното читање учествуваа: Кристина Николовска, писателот за деца и млади Горјан Петревски, Сена Ариф, како и поетот од Гостивар Лулзим Хазири.
Од ДПМ најавија дека овој карван ќе продолжи и во другите градови низ земјава.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар