Македонија
Литургија по повод 25 годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан
По повод 25-годишнината од востоличувањето на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан за поглавар на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, утрово се отслужи Божествена литургија во архиепископскиот соборен храм „Св. Климент Охридски” во Скопје.
Со литургијата, чиноначалствуваше Неговото Блаженство, во сослужение со надлежните епархиски архијереи на нашата Света Црква и на бројни свештенослужители.
Монашкото братство на Свештената Бигорска Обител, предводено од Преосвештениот епископ Антаниски г. Партениј, упати честитка до Архиепископот г.г. Стефан, по повод 25-годишнината од востоличувањетопо.
„Со духовна радост ги изразуваме своите искрени благопожелби и честитки до Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г. г. Стефан, по повод 25-годишнината од неговата интронизација“, стои во честитката.
Се додава дека изминатите две и пол децении на пастирска љубов и неуморна служба за Црквата и за народот се сведоштво за неговата силна вера и преданост кон православното духовно и културно наследство.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија