Спорт
Ливерпул по 20-ти пат шампион на Англија

Фудбалерите на Ливерпул ја освоија својата 20. титула во англискиот шампионат откако вчера го победија Тотенхем со 5-1 на домашен терен во рамки на 34. коло од Премиер лигата.
Гостите од Лондон поведоа во 12. минута преку Доминик Соланке, а четири минути подоцна Луис Дијаз израмни за тимот од „Енфилд“. Ливерпул поведе во 24. минута со голот на Алексис Мекалистер, а потоа следеа головите на Коди Гакпо (34) и Мохамед Салах (63). Конечниот резултат беше поставен во 69. минута, кога автогол постигна Дестини Удоји.
На четири кола пред крајот на сезоната во Премиер лигата, Ливерпул има недостижни 15 бодови предност пред второпласираниот Арсенал.
Ова е прва титула за Ливерпул во Премиер лигата од 2020 година, а вкупно 20-та, со што се израмнија со Манчестер Јунајтед.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос