Гостивар
Лизгавите коловози носат ризик, СВР Тетово апелира на максимална внимателност
Дождливото време кое владее периодов го зголеми ризикот на патиштата и значително ги промени условите за одвивање на сообраќајот. Изминатите денови на поширокото гостииварско подрачје беа регистрирани повеќе сообраќајки, од кои две со смртни последици. Секторот за внатрешни работи Тетово нагласува дека е неопходна максимална внимателност, особено во доцните вечерни и раните утрински часови, кога на одредени места има и магла и кога се присутни пониски температури од дневните.
„Апелираме возачите да ја прилагодат брзината на возилата според условите на патот и посебно оние кои се движат кон Стража, Маврово, Попова Шапка или по долината на Радика, каде се можни и одрони од камења. На возачите им се советува, исто така, редовно да ја провeруваат техничката исправност на возилата и пред се на сопирачките и уредите за управување, да не престигнуваат на непрегледни места и да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол, без положен возачки испит или без придружник, доколку станува збор за возачи-почетници.“, наведуваат од СВР.
Полицијата ќе продолжи со засилени контролни активности на подрачјето.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди