Вести
„Лопови, Лопови“ – Во БиХ незадоволни граѓани излегоа на улиците
Во повеќе градови во Босна и Херцеговина за денеска се најавени протести поради поскапувањето на основните прехранбени производи, горивата и разни услуги.
Граѓаните се повикуваат на протести преку социјалната мрежa Фејсбук под името „50.000 граѓани за протести против властите во Босна и Херцеговина“. Како што јави сараевската телевизија N1, групата е полна со коментари од незадоволни граѓани, а судејќи по тоа, се очекуваат големи протести, велат оттаму.
Организаторите најавуваат дека ова е само почеток, и дека нема да запрат додека граѓаните на Босна и Херцеговина не живеат достоинствено.
Во Сараево заврши собирот кој беше закажан за денеска во 15 часот и 30 минути, на платото Скендерија, на кој незадоволните граѓани скандираа: „Лопови, Лопови“, „Не сакаме криминал“, „не сакаме ропство“, „не сме ваши кметови“.
Протестниот собир во Бања Лука е најавен за 19 часот.
Протести се закажани во Тузла, Мостар, Зеница, Бихаќ, Горажде, Травник, Бјелина, Приједор, Добој и други градови.
Граѓаните бараат и измена на Законот за плати со која бараат пратениците, министрите и другите вработени во јавните институции, чии примања се најмалку 2,5 пати повисоки од просечната нето плата, да се одвојат од останатите вработени во јавната администрација.
Бараат и линеарно зголемување на платите, барем за висината на годишната инфлација, за сите оние чија плата е два и пол пати помала од просечната нето плата, како и линеарно зголемување на пензиите и инвалидските надоместоци за износот на годишна инфлација.
Се бара и воведување породилни надоместоци во целата држава во износ од 1.000 конвертибилни марки (околу 500 евра), намалување на стапката на придонес на платите, како и зголемување на неоданочливиот дел од приходите на износот од 1.000 конвертибилни марки.
Зголемување на детскиот додаток во БиХ на минимален износ од 100 марки (околу 50 евра), зголемување на минималната нето плата на 1.300 марки (околу 670 евра), како и зголемување на надоместокот за демобилизираните борци на 20 марки ( се бара и околу десет евра) месечно.воен рок.
Организаторите на протестот наведоа и други барања поврзани со третманот на децата со аутистичен спектар, работата на образовните центри и приоритет при вработување.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар