Поврзи се со нас

Гостивар

Лоша година за Гостивар, драстично помалку новороденчиња

Објавено

на

Се‘ поретко се слуша бебешкиот плач во Гостивар. Трендот на опаѓање на наталитетот кој трае скоро деценија и половина, продолжи и годинава во уште полош правец. Од 1-ви јануари заклучно со денес (5 ноември) на гинеколошко-акушерското одделение во гостиварската болница се родиле 445 бебиња. Споредено со истиот период од минатата година ( 1 јануари-5 ноември), тоа е 78 новороденчиња помалку.

„Загрижувачки е, ние секоја година наназад десетина години имаме тренд на паѓање, но оваа година е доста повеќе. Зошто е тоа така, не може точно да се каже, тука улога играат повеќе фактори. Хипотетички, може да кажам дека се должи на миграцијата, секако на ковид пандемијата и економските услови поради кои младите не се решаваат да формираат семејство.“, вели д-р Агим Јакупи, раководител на одделението.

Растечки тренд има и во однос на начинот на кој биле извршени породувањата. Дури 53% од родилките во Гостивар донеле бебе на свет со царски рез.

„И во овој поглед има растечки тренд. Некаде 53% се породувања со царски рез. Така е и во светот, па и ние не сме исклучок. Некогаш и ние како медицински тим, мора да ги сослушаме потребите и барањата на пациентките“, вели д-р Јакупи.

Минатата година, во Гостивар беа родени 583 бебиња, а во 2019-та, 622.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена