Технологија
Лоши вести за криптовалутите од Давос

Вредноста на биткоинот може да падне на нула, рече еден од најважните инвеститори во крипто-заедницата за CNBC, за време на расправата во Давос која се фокусирала на иднината на крипто технологијата позната како блокчејн.
Според податоците на Coinmarketcap, криптовалутите имаа лоша 2018 година, со вредност од преку 480 милијарди долари која е избришана од пазарот. После рекордниот раст во 2017 година, најголемата криптовалута биткоинот падна на моментална цена од 3.660 долари.
Некои аналитичари веруваат дека може да оди и пониско.
„Верувам дека ќе дојдае на нула. Мислам дека тоа е одлична технологија, но не верувам дека тоа е валута. Не се темели на ништо“, изјави Џеф Шумахер оснивач на BCG Digital Ventures.
Шумахер е голем инвеститор во блокчејн компании.
За време на расправата, Глен Хатчинс, претседател на North Island, рече дека улогата на биткоинот во иднина би можела да биде фокусирана на поддржување и стабилизирање на вредноста.
Сите учесници на панелот се сложија дека блокчејн технологијата функционира совршено. Веќе се бараат правци каде таа може да се искористи. Доказ дека тоа е одличен систем е Азија, каде блокчејн технологијата активно се користи за разни плаќања.
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 4 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители
-
Македонијапред 3 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден