Поврзи се со нас

Деца Родители

Лошото расположение на таткото влијае на интелектуалниот развој на детето

Објавено

на

Таткото кој не е расположен, кој постојано е мрзeлив и не може да ги контролира емоциите, лошо влијае на психолошката состојба на детето, вели науката.

Државниот универзитет во Мичиген спроведе ново истражување на оваа тема, а нивните резултати не само што ја нагласуваат важноста на улогата на таткото во животот на детето, туку докажаа и дека целокупната ментална состојба и расположението на таткото имаат влијание врз психолошка состојба на детето. Во испитувањата, истражувачите собрале податоци од околу 730 семејства кои учествувале во програмите „Ран почеток“ (Early Head Start) ширум светот. Научниците се сосредоточиле на влијанијата од стресот на родителите и проблемите со менталното здравје, како што се депресија и анксиозност, кај нивните деца.

Резултатите покажуваат дека лошата состојба кај возрасниот воопшто негативно влијае на развојот на психолошките способности кај децата, особено во доцниот развоен период.

Меѓу повпечатливите наоди е и тоа дека менталното здравје на таткото има директно влијание врз социјалните вештини на детето (како што се самоконтрола или тимска работа) – до мигот кога детето ќе достигне петто одделение од основно училиште. Всушност, депресијата на таткото во детството има поголемо влијание врз развојот на социјалните вештини на детето отколку депресијата или анксиозноста на мајката.

Студијата покажала и дека стресното расположение на таткото, поврзано со родителството, лошо влијае на умствено-јазичниот развој на децата на возраст од две до три години.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена