Гостивар
Лови „пајакот“ низ улиците во Гостивар – Летаат казни за непрописно паркирање
Засилени се активностите за поголем ред со паркирањето во Гостивар. Сообраќајната полиција и „пајак службата“ секојдевно затекнуваат возила оставени на забранети места, по тротоари, на самите пешачки премини, на зелени површини.
Според податоците од Секторот за внатрешни работи Тетово, во првите десет дена од месец јуни во Гостивар биле изготвени 14 пријави за непрописно паркирање, додека во текот на мај ги имало 36. Возачите тие ќе се соочат со парична казна која, зависно од тоа каде биле оставени возилата, се движи од 45 до 200 евра во денарска противвредност.
„Погрешно паркираните возила и особено оние кои сериозно го попречувале нормалното и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот веднаш се отстранети, односно подигнати со специјално возило „пајак“.“, информира полицијата.
Со оглед на тоа што претстои скорешно започнување на сезоната на летните одмори и доаѓање на поголем број времено вработени од странство во родниот крај, СВР апелира до возачите да внимаваат каде ги паркираат нивните возила и посебно тоа да не го прават на пешачки премини, крстосници, тротоари, во зеленило и во таканаречени двојни редови, за да не се попречува нормалното и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот, посебно на пешаците и на велосипедистите.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар