Поврзи се со нас

Гостивар

Лови „пајакот“ низ улиците во Гостивар – Летаат казни за непрописно паркирање

Објавено

на

Засилени се активностите за поголем ред со паркирањето во Гостивар. Сообраќајната полиција и „пајак службата“ секојдевно затекнуваат возила оставени на забранети места, по тротоари, на самите пешачки премини, на зелени површини.

Според податоците од Секторот за внатрешни работи Тетово, во првите десет дена од месец јуни во Гостивар биле изготвени 14 пријави за непрописно паркирање, додека во текот на мај ги имало 36. Возачите тие ќе се соочат со парична казна која, зависно од тоа каде биле оставени возилата, се движи од 45 до 200 евра во денарска противвредност.

„Погрешно паркираните возила и особено оние кои сериозно го попречувале нормалното и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот веднаш се отстранети, односно подигнати со специјално возило „пајак“.“, информира полицијата.

Со оглед на тоа што претстои скорешно започнување на сезоната на летните одмори и доаѓање на поголем број времено вработени од странство во родниот крај, СВР  апелира до возачите да внимаваат каде ги паркираат нивните возила и посебно тоа да не го прават на пешачки премини, крстосници, тротоари, во зеленило и во таканаречени двојни редови, за да не се попречува нормалното и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот, посебно на пешаците и на велосипедистите.

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена