Гостивар
„Ловот“ на работници за изградба на Коридорите 8 и 10д почна од Гостивар

Конзорциумот „Бехтел и Енка“ во чии раце е изградбата на Коридорите 8 и 10д тргна во лов на работници. Првиот „Саем за вработување“ го организираа денес во Гостивар. Во гостиварскиот Центар за вработување заинтересираните можеа да добијат информации околу отворените работни места, да пополнат и поднесат апликација, па да се надеваат на позитивен повратен одговор.
Од она што можевме да го забележиме, граѓани чекаа ред за аплицирање. До 17 часот беа поднесени околу педесет пријави.
Менаџерите на „Бехтел и Енка“ за проектите во Македонија беа присутни на Саемот, но конкретни одговори немаа скоро на ниту едно новинарско прашање. На прашањето „Кога ќе започнат градежните работи на терен“, директорот на проектот Џошуа Бејкер кажа: „Ние се трудиме да почнеме со градежните работи што е можно поскоро, во блиска соработка со Владата и општините работиме на експропријацијата на земјиштето, се подготвуваат и други договори… Во наредните недели би можело да се почне со градежните работи на терен.“.
Конкретен одговор немаше ниту за висината на платите на работниците кои се бараат, ниту за тоа колку домашни фирми подизведувачи ќе бидат вклучени. „Платите ќе зависат од работната позиција, а сме ги формирале според пазарот на трудот. Ќе бидат вклучени многу фирми, ќе се трудиме максимално колку што може тоа да бидат домашни фирми“, рече Бејкер.
Вицепемиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби ги повика граѓаните да се пријават за работа на коридорите во што поголем број.
„Би сакал да ги охрабрам сите луѓе, не само од Гостивар, туку и од другите градови да аплицираат и да станат дел од изградбата на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на нашата држава, со што ќе изградиме автопатско решение се‘ до границата со Албанија и поврзувајќи ги автопатски Прилеп и Битола. Би сакал преку вас медиумите да апелирам што е можно повеќе луѓе да аплицираат, затоа што се планирани над 2.000 вработувања и од конзорциумот се надеват сите тие да бидат од Република Македонија. Потребни се луѓе од најразлични струки, има место за сите, да се пронајдат себе си во овој проект.“, рече Груби.
Според кажаното од менаџерите на проектот за работниците ќе се градат два кампа. Едниот близу Гостивар за ангажираните на Коридор 8 и другиот меѓу Прилеп и Битола за оние кои ќе работат на коридор 10д.
Проектот е предвидено да трае пет години.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!