Спорт
ЛШ: Челзи против Реал Мадрид – ЛЕ: Барселона против Ајнтрахт
Лига на шампиони
Актуелниот европски првак Челзи против Реал Мадрид е една од четирите четвртфинални двојки во фудбалската Лига на шампиони, кои денеска беа извлечени со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион.
Бенфика ќе игра против Ливерпул, Виљареал ќе ги одмери силите со Баерн Минхен, додека Манчестер сити за противник го доби Атлетико Мадрид.
Првите четвртфинални натпревари ќе се играат на 5 и 6 април, а реваншите на 12 и 13 април.
Финалето е закажано за 28 мај во Париз.
Лига Европа
Фудбалерите на шпанска Барселона ќе играат против бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт во четвртфиналето во Лига Европа, одлучи попладнево жрепката во седиштето на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) во Нион.
Во преостанатите натпревари, Лајпциг ќе игра против Аталанта, Вест Хем за противник го доби Лион, додека Брага за пласман во полуфиналето ќе мора да го елиминира Глазгов Ренџерс.
Четвртфиналните натпревари во второто по ранг европско клупско натпреварување се на програмата на 7 и 14 април.
Лига Европа – четвртфинални двојки:
Лајпциг – Аталанта
Ајнтрахт Франкфурт – Барселона
Вест Хем – Лион
Брага – Глазгов Ренџерс.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар